Рамката за изнаоѓање решение е договорот за добрососедество со Бугарија, се што излегува од таа рамка е отфрлено, македонската посебност, македонскиот јазик и македонскиот идентитет се апсолвирано прашање и признанени од целиот демократски свет, не смееме да дозволиме да бидат погазени европските вредности, ниту да биде нарушена довербата меѓу двата народи нагласи Костадинов.
Во врска со најавената Резолуција на ВМРО-ДПМНЕ, Костадинов рече дека таа се уште не поднесена формално правно, но од она што го видовме во медиумите текстот е прифатлив за нас.
Црвените линии се јасни поставени, разговори за јазикот и идентитетот немало, нема, ниту ќе има и ова е прилика да ги извадиме на површина сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ дека е извршено некакво предавство, истакна Костадинов.
Во врска со претстојните локални избори Костадинов соопшти дека заврши внатрепартиската постапка за номинација на кандидати за градоначалници и советници во општинските организации на СДСМ.
Доволен факт за тоа дека СДСМ е сигурен во победата е бројот на пристигнати кандидатури, има 560 кандидатури за градоначалници и над 5000 кандидати за советници во општинските совети, нагласи Костадинов.
Тоа говори за уверувањето на луѓето дека СДСМ е фаворит и апсолутен победник на локалните избори, порача Костадинов и најави дека СДСМ на 13 јули ќе ги објави првите 20 имиња на кандидати за градоначалници.


