Ковачевски: Ќе се зголемат платите во здравството и ќе се укине партиципацијата, а парите ќе дојдат од ставањето на ред во здравствениот систем

„Ветуваме драстично зголемување на платите на медицинскиот персонал. До 180.000 денари за специјалистите, до 120.000денари за општите доктори и до 90.000 денари за медицинските сестри“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на митингот во Охрид.

Тој додаде дека исто така ќе се укине целосно партиципацијата од 20 отсто и јавното здравство ќе стане бесплатно за сите.

„Кога ќе праша некој, од каде пари, одговорот е многу јасен. На 8 мај ќе дојде крајот на сите членови на урпави, надзорни одбори, земеници и помошници директори, ќе се знае кој е директор, кој е лекар, а кој е раководител на клинника. Ред ќе се стави еднаш засекогаш во здравството“ рече Ковачевски.

Најчитани вести