Ковачевски: Нудиме програма и план, за да не дозвилиме младите да бараат авионска карта за надвор

„Денес сме тука за да понудиме програма и план за итно и поефикасно решавање на старите и новите предизвици, кои ја обременуваат нашата мала и сакана држава. Наша обврска е да не дозвилиме младите да бараат авионска карта за надвор, туку да стекнат знаења и работа дома“ кажа мандатарот на новата влада, Димитар Ковачевски во неговото експозе пред пратениците во Собранието на Република Северна Македонија.

Тој додаде дека мора подобро и поефикасно да се испорачаат резултати во борбата против криминалот и корупцијата, во ефикасноста на администрацијата која мора да се намали и професионализира, во креирањето на модерен здравствен систем, како и во образованието на младите.

„Имаме обврска, по толку години чекање, да се придивижиме кон Европската Унија. Како што претходната Влада ја исполни целта на граѓаните за полноправно членство во НАТО, нашата гаранција за безбедност и мир, така оваа Влада да ги започне преговорите кои значат економски напредок и развој“ кажа Ковачевски.

Тој додаде дека програмата за работа на новата влада е реална, остварлива и конкретна. Како што кажа Ковачевски, во неа има континуитет и од претходната програма на поранешната Влада, затоа што добрите политики мора да продолжат, но има и нови политики и мерки затоа што времето и предизвиците се менуваат.

https://www.youtube.com/watch?v=k50vbp9-rBE
]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести