Ковачевски очекува час поскоро да се утврди вистинитоста на наводите, а доколку се утврди вина најстрого да се санкционираат сторителите, бидејќи станува збор за системи со кои може да биде доведена во ризик безбедноста на граѓаните.
-Доколку се работи за вистинити наводи што беа пласирани во медумите, истражните органи веднаш да постапат и да се санкционираат оние што го сториле тоа. Не знам кои институции имаат склучено договри со таа фирма, но секако, ако се утврди вина, тие договори треба да бидат прекинати. Ако институциите утврдат вина, веднаш да се санкционира сторителот, бидејќи се работи за системи кои значат многу за безбедноста на граѓаните – рече премиерот Ковачевски.
Вчера Државната комисијата за спречување корупција информираше дека фирма фалсификувала хрватски документи и потписи од директори за ИСО сертификати, а фирма од Битола, за сервис и монтажа на лифтови со лажни документи конкурирала и најверојатно добивала тендери од државни институции. Околу 90 тендери добиле во период од 2018 до 2022 година, тврдеа вчера од ДКСК.
Извор: Новатв
]]>


