Ковачевски: Вложуваме во најмладите – ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ е целосно реконструирано училиште а после 60 години доби и спортска сала

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, денеска во Прилеп го посети основното училиште „Кире Гаврилоски – Јане“.

Основното училиште „Кире Гаврилоски – Јане“ е едно од најстарите училишта во општината и минатата година беше целосно реконструирано и за прв пат после 60 години доби и современа спортска сала.

За време на обиколката на училиштето со директорката Кети Стевананџија, премиерот Ковачевски истакна дека направените темелни инфраструктурни зафати кои значат услови за современа настава, со пристап за учениците со попреченост, се стандард којшто ќе продолжи да се имплементира и оваа година, како дел од програмата за капитални инвестиции на Министерството за образование и наука, која оваа година за оваа намена има поголем буџет.

https://youtu.be/BcPzu2JsKYM

Претседателот на Владата Ковачевски за време на посетата го означи почетокот на првиот подготвителен натпревар за регионалниот турнир во одбојка кој се одржува во новата современа и опремена спортска сала на училиштето.

https://youtu.be/TUwYY0fgEGk
https://youtu.be/Uz4Zh91Q3_A
]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести