Кожув и Куманово го отвораат последното коло од Првата лига

Со натпреварот што денеска се игра во Гевгелија меѓу Кожув и Куманово стартува последното 18.коло од Првата лига во кошарка. Овие две екипи во средата одиграа натпревар и во БИБЛ лигата истотака во Гевгелија каде убедлива победа од 104:86 славеше домаќинот Кожув.

Ова коло ќе се игра во четири дена. Утре (сабота) играат Лирија – Фени Индустри. Во недела е дуелот меѓу Струмица и Работнички, додека колото ќе биде комплетирано со натпреварот Карпош Соколи – Пелистер Спорт. Овој дуел поради зафатеноста со ракометните натпревари од Лигата на шампионите во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одигра во понеделник.

Табела: Работнички 14-1 (победи-порази), Кожув 13-2, Лирија 1-4, Куманово 9-6, Струмица 7-8, Фени Индустри 6-9, Вардар Апаве 4-12, Карпош Соколи 3-12, Пелистер Спорт 1-14.

]]>

Најчитани вести