Крајслер наскоро повторно ќе излезе на берзата

Фабриката за автомобили Крајслер која е во сопственост на италијанскиот концерн Фиат, наскоро повторно ќе излезе на берзата. Третиот најголем американски производител на автомобили ќе реализира прва инвестициона јавна понуда ИПО на почетокот на декември, изјави извор запознат со состојбата. Крајслер веќе избра банки кои треба да му помогнат за излез на берзата. Според извор на Крајслер, компанијата ги ангажирала банките Берклиз, Голдман Сакс, Морган Стенли и УБС, а главни за упис на акциите ќе бидат Џеј Пи Морган и Бенк оф Америка.

Најчитани вести