Кривична пријава за џебна кражба во ЈСП

Полицијата до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лицето Н.С.Т. (23), државјанин на Република Бугарија  заради постоење основано сомнение дека извршила едно кривично дело „кражба“.

Во петокот пријавената Н.С.Т. во попладневните часови на подрачје на Центар, во автобус на ЈСП украла паричник од чанта во кој имало пари, еден пар златни обетки и лични документи. По извршената кражба пријавената се упатила кон предната врата на автобусот за да излезе. Оштетената забележала дека и е украден паричникот, а еден од патниците кој стоел до неа и покажал кон пријавената. Оштетената се упатила кон предната врата и го побарала паричникот од пријавената, а таа го фрлила на подот и одговорила дека паричникот не е кај неа.

Во меѓувреме патник од автобусот го пријавил настанот во полиција. По доаѓањето на полициските службеници пријавената била симната од автобусот и приведена во Полициската станица во Кисела Вода, каде е извршен разговор во кој сторителката го негирала извршувањето на кривичното дело.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести