
Информации за уништување на цели реколти доаѓаа и од најпознатата земја за производство на цвеќе – Холандија. Затворените граници го направија своето и поддршката од институциите беше неминовна.
Но според, производителите на цвeќе кај нас, стравот од спасување на реколтата се претвори во оптимизам, кога граѓаните буквално навалија на купување садници цвеќе за дворовите, балконите, викендиците.

-Бевме многу исплашени што ќе правиме со пролет – лето сезоната затоа што стравот кај граѓаните од неизвесност беше очигледен, а се трошеа пари само за храна. Но имаше тука некој психолошки момент, најверојантно, што ги натера луѓето да купуваат и садат цвеќиња. Така што ние поминавме добро, а еве веќе се подготвуваме за есенската сезона – вели Спасе Костадинов од Колешино, Општина Ново Село.
Во посета на ова семејство кое се занимава со производство на цвеќе беше кандидатката за пратеник и носителка на листата на 4 ИЕ од коалицијата „МОЖЕМЕ“ – Соња Мираковска.
-Искрено и со мене беше тоа случај, не пропуштив да насадам цвеќе во дворот и на балконите. Има некоја вистина во тоа што го кажува Костадинов и среќа во несреќа е што тоа ги ублажи проблемите со пласманот на цвеќињата на овие наши вредни производители. Имено, производството на цвеќе кај нас е претежно семеен бизнис и последниве неколку години тоа е производство кое бележи развој со поддршка од ресорното министерство – изјави Мираковска.
Во разговор со Костадинов, стана збор и за условите за стопанисување во државата, особено набавката на квалитетно семе и садници кои се од увоз и за поддршката од страна на државата.
-Најнапред се подготвува во МЗШВ мерка за помош на производителите на цвеќе, кои со писмо се обратија до ресорното министерство. Потоа тука се редовната поддршка како и можноста за аплицирање за европските фондови преку Мерка 7 од ИПАРД програмата. Секако соработката на производителите и Владата ќе продолжи и натаму, бидејќи можеме и подобро – рече Мираковска и додаде дека е многу важно на овие избори да се заокружи бројот 3, да се гласа за коалицијата „МОЖЕМЕ“ бидејќи најдоброто решение за сите земјоделски производители е нашата држава да стане членка на Европската Унија каде што има високи субвенции и голема поддршка за агросекторот.



