Во куќен притвор е возачот на камионот, кој вчера попладне прегази 12 годишно девојче во скопски Хром.
Нему привремено му е одземен пасошот, а ќе треба повремено да се пријавува во полиција.
Возачот се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Несреќата се случи вчера попладне кога девојчето преминувало улица на пешачки премин, на крстосницата во Хром.
Детето почина на лице место. Сега се анализира крвта на возачот, се проверуваат трагите на камионот, а телото на девојчето е дадено на обдукција.


