Некои броеви ги бираме, некои пак, ни се дадени однапред, како на пример, број скриен во името и презимето или датумот на раѓање… Така, се верува дека бројот на куќата, станот, зградата или улицата носи скриено значење.
За да го дознаете бројот на вашата куќа, треба да го намалите на една цифра. Ако живеете на бројот 63, треба да ги соберете 6 и 3 и ќе го добиете збирот – девет. Ако вашиот број е 10, соберете 1 и 0 и ќе добиете 1, ако е 19, соберете 1 + 9 е 10, па повторно 1 + 0 што го дава бројот еден.
Број еден
Куќата со број еден им носи на своите жители карактеристики како индивидуалност и оригиналност. Тие често имаат многу идеи, започнуваат нови проекти, одлучуваат за предизвици – и повеќето им се со голем успех. Сепак, колку што оваа бројка е добра од финансиски аспект, таа носи помала среќа во приватниот живот, бидејќи поттикнува осаменост и критики.
Исто така, единицата носи неодлучност за важни животни одлуки. Пожелно е да се украси куќата со нијанси на златна, портокалова или маслинесто зелена за да се подобрат позитивните вибрации и да се намали негативното влијание. Домаќините треба да внимаваат на видот и циркулацијата.
Број два
Овој број симболизира промени, па луѓето често се селат од овој дом и си купуваат нов. Под овој покрив многу ретко на семејството му е здодевно, а атмосферата на енергичен семеен дом лесно се создава. Обично тоа е многу едноставно место со доза на неред и поттикнува плодност и заљубување.
Луѓето кои живеат со оваа бројка често работат од дома или ја носат својата работа дома и имаат интерес за технологија, патувања, алтернативна медицина и астрологија. Поради брзиот начин на живеење, тие често носат лоши деловни одлуки и мора постојано да почнуваат од почеток. Луѓето кои живеаат под овој број често се премногу зависни од другите.
За да го зголемат позитивното и да го намалат негативното влијание на бројката врз домот, треба да направат повеќе воздушен простор, да влезе повеќе светлина и да ги изнесат непотребните работи. Се препорачуваат и бои како кафеава, сива и беж. Станарите треба да внимаваат на здравјето поврзано со белите дробови, кожата и стомакот.
Број три
Три е симбол на проширување, обновување и подобрување. Луѓето кои живеат на оваа бројка често се перфекционисти, обично се љубезни, лојални, со оптимистички поглед на животот, но знаат да бидат и воздржани. Имаат извонредно чувство за хумор и силни ставови за слободата, религијата и семејството. Знаат да се однесуваат екстравагантно и да трошат пари што ги немаат, што им носи финансиски проблеми.
Често се работи за големо семејство, сакаат умерено да уживаат и генерално имаат здравствени проблеми во средната возраст. Сините тонови и дрвото се добредојдени во нивниот дом за да го засилат позитивното и да го намалаат негативното влијание на бројот.
Во животот треба да се трудат да бидат малку порационални и попрактични, да одржуваат здрава тежина и да ја проверуваат состојбата на срцето и хормоните.
Број четири
Овој домашен број укажува на комплицирано место за живеење бидејќи е симбол на конфликт помеѓу две спротивставени сили, едната се бори за стабилност, а другата за промени. Во овој дом секогаш нешто се реновира, менува или се купува, а од страна изгледа дека живеат како и секое друго семејство. Воедно, бројот четири на своите жители им носи некаква чувствителност, емпатија и духовност, па тие секогаш зрачат со голема харизма. Конфликтите поради темпераментот се многу чести.
Овој број на дом дефинитивно не е за кревките и плашливите, туку за луѓе кои имаат голема внатрешна сила, се навикнати да функционираат под стрес и не толку нежна околина. Важно е да си поставите приоритети во животот и да не ги занемарувате луѓето кои навистина се грижат за вас.
За да се намали негативното и да се поттикне позитивното влијание, добро е да имате многу свеќи, цвеќиња и стаклени украси во домот. Домаќинствата треба да внимаваат на мигрена, депресивни мисли и проблеми со ‘рбетот.
Број пет
Овој број симболизира хармонија, поволни мисли и емоции. Во оваа куќа се изразува дружељубивост, луѓето сакаат посети, разменуваат информации и многу се смеат. Солидарноста и стабилноста се главните корисни влијанија на бројот пет, а домаќините обично се успешни и приватно и деловно, и во средната и подоцнежната возраст.
Својата среќа ја градат чекор по чекор и со цел, тие ќе ги надминат сите препреки, фокусирани и преку напорна работа. Лош аспект на бројката е невниманието како заборавање клучеви, исклучување шпорети, пегли и слични работи, што резултира со чести привремени непријатности.
Добар додаток кој ќе го подобри позитивното и ќе го намали негативното влијание се металните предмети. Од здравствените непријатности, домаќините се најмногу изложени на ризик од висок крвен притисок и проблеми со чести инфекции на увото, грлото и носот.
Број шест
Овој број симболизира решителност, цврст став и упорност. Тоа е или хармонично место со екстремна тишина, или хаотичен дом со многу викање и постојани промени. Исто така, тоа може да биде дом на интензивни несогласувања и караници во домаќинството, или интензивна љубов и искрена врска.
Малку волшебно, бројот шест функционира со покажување на најекстремните емоции од луѓето и добро функционира доколку тие се посветат на учење на нови работи и хобија како готвење, фотографирање, компјутерски науки или занаети. Во овој дом луѓето се исклучително креативни.
За подобрување на позитивното и намалување на негативното влијание на бројот, се препорачуваат жолти и светло зелени нијанси, како и создавање за простор за голема удобна дневна соба за разговори. Домаќините треба да внимаваат на здравјето на нивните заби и коски.
Број седум
Овој број е симбол на мечтаење, имагинација и бунт. Седмицата буди многу духовност кај своите жители, но и емоции и ранливост. Понекогаш домаќините ќе имаат проблем да ја разликуваат реалноста од имагинацијата, па ќе бидат препознаени по нивните ставови кои не одговараат на мислењето на мнозинството.
Според некои толкувања, во домовите под оваа бројка најчесто се случуваат паранормални сцени и други необјасниви работи. Луѓето кои живеат овде често се занимаваат со некоја уметничка професија, имаат домашни миленици и се големи перфекционисти.
Тие се по природа и големи љубовџии и често имаат страсни, но конфликтни врски. Нивната среќа во бизнисот е многу променлива. Треба да ги избегнуваат претерувањата и воопшто сите пороци. Добро е во домот да внесат многу детали во виолетова боја кои ќе го намалат негативното и ќе го подобрат позитивното влијание на бројката.
Број осум
Овој број е симбол на почит, стабилност и сила. Тој носи добар углед, авторитет, па дури и слава во семејството, но и голема одговорност што често ја имаат кон другите. Тие се трудат да им угодат на сите, но со мерка која не им ја загрозува благосостојбата и тоа е нешто што го учат дури во средните години.
Поради ова, помладите членови на семејството можат да бидат несреќни, но тоа е краткотрајно. Бројот осум носи и почитување на традиционалните вредности како што се семејството, пријателствата, работата, љубовта… И покрај неговата стабилност, овој дом има потреба од чести поправки и членови на домаќинството кои добро го одржуваат, инаку може да се појават проблеми.
Внатрешноста е често во темни бои, а за да се подобри позитивното влијание, добро е да внесете во домот многу детали и украси, како што се слики и огледала. Најголеми здравствени проблеми се слабиот имунитет и честите настинки и воспаленија.
Број девет
Овој број е симбол на големи поделби, што се рефлектира во физичкиот изглед на домот со многу соби, различен декор во секоја и многу различни темпераменти кои живеат под ист покрив. На луѓето кои живеат во него обично не им недостасува иницијатива во животот, тие знаат што сакаат и директно се стремат да го постигнат тоа.
По пат тие знаат да употребат разни трикови, па дури и измами, бидејќи имаат многу посебно разбирање за човечкиот морал. Сепак, тоа не значи дека се лоши, туку исклучително снаодливи. Обично се многу успешни на работа, а често напнати дома. Сепак, тие се навикнати да живеат под стрес, па во други околности би им било досадно. Во куќата често може да се појават проблеми со греењето, влажноста и топлата вода.
Домаќините треба да внимаваат на љубовните проблеми кои можат да им донесат депресија. За да се засили доброто и да се намали лошото влијание на бројот, добро е да се поврзе целата куќа во една целина со бели ѕидови и многу укрсни работи.
]]>


