Купиле фудбалер ама не го земале од аеродром

Никој од раководството на италијанскиот фудбалски клуб Болоња не отишол на аеродром да го пречека новиот играч купен од бразилскиот клуб Коринтијанс. Искусниот Ибсон допатувал во италијанската престолнина, а таму немало никој од Болоња.

Поради овој пропуст претседателот на клубот им доделил откази на генералниот менаџер, портпаролот и на уште двајца службеници за кои сметал дека се виновни за административната грешката.

Италијанските медиуми очекуваат отказ да си поднесе и почесниот претседател на клубот, легендарниот италијански пејач и актер Џани Моранди кој изразил разочарување од однесувањето на навивачите на дуелот со Наполи.

Тие во последно време прават се повеќе инциденти, а порано важеа за едни од најмирољубивите и најтолерантните во Италија.

Болоња по 22 одиграни рунди во Италијанското фудбалско првенство се наоѓа на 17.место со само еден бод повеќе од екипите кои се во зоната на испаѓање.

]]>

Најчитани вести