Лацио домаќин на Парма во дуел од Купот на Италија

Екипата на Лацио вечерва пред својата публика ја пречекува Парма во натпревар од осминафиналето на фудбалскиот Куп на Италија. Средбата на стадионот „Олимпико“ во Рим ќе започне од 21 часот, а е една од последните четири во оваа фаза на натпреварувањето.

Останатите три ќе се играат утре, а двојките се: Катанија – Сиена, Милан – Специја и Наполи – Аталанта. Победниците од овие натпревари ќе обезбедат пласман во четвртфиналето каде веќе е позната и првата двојка, Рома – Јувентус. Останатите два тима кои веќе обезбедија место меѓу осумте најдобри во Купот на Италија се Удинезе и Фиорентина.

]]>

Најчитани вести