Лавров: Продажбата на НИС на унгарскиот МОЛ е во интерес на Русија

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, го нарече заемно корисен прелиминарниот договор за продажба на пакет акции на српската компанија НИС, која му припаѓа на Гаспромнефт, на унгарската компанија МОЛ.

„Отворени сме за соработка со сите“, нагласи тој, додавајќи дека Русија е подготвена да соработува со Американците по оваа тема.

Газпромнефт во понеделникот потврди дека потпишале договор со унгарската компанија МОЛ за намерата да продаде пакет акции во Српската нафтена индустрија, објави руската компанија.

Унгарската компанија МОЛ претходно објави дека потпишала обврзувачки прелиминарен договор со „Газпромнефт“ за купување на 56,15 проценти од акциите на НИС. За завршување на трансакцијата е потребно одобрение од Министерството за финансии на САД и српските власти. Страните планираат да го потпишат договорот за купопродажба до 31 март, Б92.

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести