Лекарите се борат за животот на уште еден тешко повреден македонски граѓанин во сообраќајката во Турција

Лекарите од болницата во Малкара, Турција, каде се сместени дел од повредените македонски државјани од вчерашната страотна несреќа, за турските медиуми изјавиле дека се борат да спасат еден од петмината тешко повредени, чијшто живот е во опасност. Тој имал тешки повреди на градите, карлицата и на нозете.

 

Во болницата во Малкара болничко згрижени повредените Фидо Атанасоски, Билјана Троноска-Маноилоска, Садике Исмаилова, Лазо Симанов, Хасан Салиев, Изет Салиев, Мартин Атанасоски, Елена Симова, Силвана Атанасоски, Ѓорѓи Ончев.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести