Лешанци тргнаа во потрага по Маја

Триесетина жители на село Лешани од рано утрово трагаат по исчезнатата Маја Блажеска. Жителите ќе ги пребаруваат селата Велмеј, Сошани, Оздолени и Издеглавје.

Во разговор за Охриднет велат дека според информациите на полицијата нејзиниот мобилен телефон бил лоциран токму во овој регион.Се надеваат дека можеби ќе најдат некаква трага.

Четиринаесетгодишната Маја Блажеска исчезна пред две недели. Замина од дома и оттогаш нема никаква трага ни глас од девојчето. Тоа и беше второ напуштање на домот. Првиот пат замина пред три недели кај дечкото во Скопје кој го запознала преку Фејсбук, но по пријавата во полиција се врати дома. Во разговорот со баба и кажала дека ја напушта државата со дечкото, а тој во полиција кажал дека Маја не стигнала во Скопје.

maja_roditeli

Семејството моли за помош да го најдат единственото чедо.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести