Формирани се голем број на групи во кои седумкратниот шампион во Формула беше прогласен за мртов, иако лекарите велат дека борбата за неговиот живот не е загубена.
Срамниот лов на “лајкови” не избира жртви, па така се најдоа и оние кои правејќи “in memoriam” страница, го закопаа Михаел Шумахер, тешко повредениот седумкратен Формула 1 шампион, кој по повредата на главата на скијање, се бори за својот живот во болница во Гренобл.

Додека светот на спортот се плаши за животот на големиот возач, се појавија и оние кои се обидуваат да соберат ефтини “лајкови” на несреќата на Шуми. На Фејсбук има креирано серија на “RIP Михаел Шумахер” страници, иако јасно од болница најавија дека големата битка за живот не е загубена.


