Вечерва како што јавуваат очевидци за Либертас, пред кафулето Либрариа во Старата скопска чаршија, членови на ДУИ започнале меѓусебе да се тепаат, а имало и истрели од огнено оружје.
Според очевидците, во тепачката најлошо поминал директорот на средното трговско училиште, Шаип Зендели, кој е и кандидат за нов директор на пензискиот фонд од листата на владеачката албанска партија, ДУИ.
Шаип, како што се тврди, бил натепан од негов другар и колега, професор во друго училиште, извесен Булгин.
Инцидентот не завршил само на тепачката, туку тепаниот Шаип се вратил и пукал од неговиот пиштол, но за среќа повредени нема, велат изворите на Либертас.
Извор: Либертас


