Личат на доказ, ама не се доказ, новите разговори Груевски – Камчев нема да бидат дел од судската постапка

Новите снимки од разговиорите помеѓу Никола Груевски и Орце Камчев, што викендот се појавија на каналот на Јутјуб, судот нема да ги прифати како дел од постапката, одлучи судијата Илија Трпков во „Плацеви на Водно“. Тврдењето на одбраната на Камчев дека бил незаконски сниман во приватен разговор со Груевски судот го прифати и овие разговори нема да бидат дел од судската постапка. Бомбите на диск ги испорача адвокатот на Никола Груевски и ги понуди како докази.

„Груевски го снимал соговорникот без да му каже, што го прави незаконски. Но, според Европскиот суд за човекови слободи и права од Стразбур, кога се работи за повисок јавен интерес, ваквите докази треба да се прифатат. Но, таму нема јавен, има интерес само на Никола Груевски. Груевски ги имал уште во февруари, ги чувал и не ги предложил како доказ. Ако ги прифати судот овие јавно објавени разговори, тогаш и обвинителството бара судот да ги прифати како докази снимките каде обвинетиот Груевски кажува дека нашол земјиште за џабе“, рече обвинителката Лиле Стефанова, пренесе Телма.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести