Ова овошје е исклучително лековито, но малку се зборува за него. Од овој неправедно запоставен природен лек се прави исклучителен ликер кој помага при многу болести, но и целосно го зајакнува организмот. Се работи за мушмули.
Во продолжение прочитајте како да направите ликер од мушмули.

Мушмулите се полни со витамин Ц, поради што го зајакнуваат имунитетот и ја ублажуваат кашлицата. Ја подобруваат работата на дигестивниот тракт, спречуваат надуеност и појава на гасови. Покрај варењето, го регулираат нивото на лошиот и добриот холестерол во крвта и го чистат црниот дроб и бубрезите. Од ова овошје најдобро би било да направите ликер, за да уживате во благодетите во текот на целата година.
Ликер од мушмули
– За да го подготвите ќе ви требаат следниве состојки:
– 600 гр зрели мушмули
– 500 мл ракија (лозова или слива ракија)
– 250 гр шеќер

Подготовка:
Мушмулите добро измијте ги, а потоа исушете ги и ставете ги во голема стерилизирана тегла. Во сад се ставаат ракијата и шеќерот и се загреваат на средна температура додека не се раствори шеќерот. Прелијте ја мушмулата и затворете ја теглата. Ставете го на темно, ладно и суво место и протресете го еднаш дневно во следните седум дена. Потоа оставете го ликерот да одмори минимум три недели, по што можете да го процедите и да го ставете во шишиња.
Совет: Мушмулите обично се берат додека се уште тврди и светли, а потоа се оставаат да созреат на суво и поладно место. Зрелите мушмули ќе ги препознаете првенствено по нивната боја. Кога созреваат, стануваат темно кафеави, многу меки на допир и кожата им се „собира“.


