Екипата на Монако не успеа да слави победа на последниот натпревар од 30.коло од Лига 1 одигран синоќа во Монте Карло. Второпласираната екипа во француската Лига 1 одигра 1:1 со третопласираниот Лил.
Домашните поведоа со голот на Мунир Обади во 4.минута, додека резултатот го изедначи Дивок Ориги во 38.минута.
Резултати од 30.коло: Монако – Лил 1:1, Генгамп – Олимпик Лион 0:1, Сент Етиен – Сошо 3:1, Бастија – Ремс 2:0, Бордо – Ница 1:1, Нант – Монпеље 2:1, Тулуз – Евиан 1:1, Валенсиен – Ајачио 2:3, Олимпик Марсеј – Рен 0:1 и Лориен – ПСЖ 0:1.
Табела: ПСЖ 73 бодови, Монако 63, Лил 54, Сент Етиен 51, Олимпик Лион 48, Олимпик Марсеј 44, Ремс 43, Тулуз 43,.
]]>


