Полициски службеници од дебарското Одделение за внатрешни работи вчера го лишиле од слобода С.Р.(33) од скопското село Љуботен, во чиј автомобил пронашле тутун, што го превезувал без документација.
-При преглед во патничкиот автомобил „Голф“ со скопски регистарски ознаки, што тој го управувал, извршен на местото „Мост Радика“ (Мелнички Мост) во близина на Дебар, полициските службеници пронајдоа и одзедоа најлонски кеси со вкупно 20 килограми тутун што го превезувал без соодветна документација, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
По насоки на јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично „Избегнување плаќање на акциза“ по член чл.279-б од Кривичниот законик.
МИА


