Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода девет возачи кои управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца малолетници, а еден и бил и под дејство на алкохол.

По две лица во Скопје и Прилеп и по едно лице во Кочани, Гевгелија, Кратово, Македонски Брод (малолетник) и Кривогаштани (малолетник) возеле без дозвола. Лицето во Кратово претходно учествувало во сообраќајна незгода, како и едно од лицата во Прилеп, кое воедно било и под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести