Ако сè уште барате совршено мезе, не барајте понатаму, ние го најдовме – ароматични лисичарки со бело вино, путер и лук во тава.
Потребни состојки:
лисичарки – 350 гр свежи печурки
путер – 1 и 1/2 лажици,
меко маслиново масло – 1 лажица
бело вино – 1 чаша
шафран – 1 – 2 прстофати,
лук – 3 чешниња
сол – 1/2 лажичка или по вкус
магдонос – 1 и 1/2 лажици, ситно исечкан

Начин на подготовка:
Исчистете ги и измијте ги добро лисичарките. Поголемите исечете ги на два дела по должина, а помалите оставете ги цели. Излупете ги и исечете ги чешнињата лук. Загрејте го путерот со маслиновото масло во голема широка тава на средна температура. Пржете го лукот додека не замириса убаво и не добие убава боја.
Зголемете ја температурата и додадете ги печурките и шафранот, а по две минути налејте го виното. Оставете ги печурките да се готват додека течноста целосно не испари. Ако тавчето има широка површина, виното релативно брзо испарува. Потоа додадете сол по вкус и магдонос
Пробајте дали печурките се готови, треба да бидат меки и сочни. Ако мислите дека им треба повеќе време за готвење (зависи од големината), тогаш додајте уште малку вино, а потоа повторно намалете ја температурата додека не останат само на маснотија.
Брзо, лесно и вкусно мезе со неверојатни лисичарки!


