Лиска се спаси, настрадаа 250 овци во Арачиново

Во поплавите во Арачиново настрада стадо од 250 овци. Спасена е само едногодишната кучка Лиска која девет дена беше во вода. Таа беше заглавена во шталата на овчарот Камер Имери и го чуваше стадото овци во Арачиново, за време на поплавата. Жителите и полицијата оценија дека длабочината на водата во оваа зона е најмалку два метра, јави ТВ21.

Имери вели дека институциите треба веднаш да реагираат за да не се појави некоја болест, бидејќи тука е формирано вештачко езеро, а во него има многу настрадани животни што ги донела поплавата.

„Сите овци настрадаа. Ништо не остана. 250 овци настрадаа. Само кучето го спасивме. Колата е поплавена. Нема шанси да се извади од таму уште 2-3 недели. Дојдоа вториот ден од поплавата од ветеринарна, но бараа чамец. Се обидоа да го сликаат со хеликоптер, но не можеа зошто се беше под вода“, рече овчарот Кемер Имери.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство сè уште нема информација, кога ќе почнат со извлекување на настраданото стадо овци.

Најнови вести

Најново од Видеа, Ударни вести

Најчитани вести