Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ја прокоментира ситуацијата со новите повредени фудбалери во таборот на „црвените“.
Кертис Џонс и Диого Жота беа принудно заменети во првото полувреме од мечот со Брентфорд (1:4), а според Германецот нивните повреди не изгледаат добро, иако се уште не е јасно колку се сериозни.
Дарвин Нунес, кој постигна одличен гол во првото полувреме, беше заменет на полувремето бидејќи почувствува болка.
– Емоциите се измешани затоа што загубивме играчи и не знам колку е сериозна нивната состојба. Но, работите не изгледаат добро за ниту еден од нив. Дефинитивно немаме среќа со повреди. Кертис, Диого и Дарвин, кој почувствува нешто, но сè уште не знаеме дали има проблем. Не ни е лесно, но работите одат добро во моментов. Имаме 57 бода и за неколку дена повторно играме, изјави Клоп по победата.
МИА


