Лозари се жалат на високата такса за влез на охридскиот пазар на големо

Лозари од Кавадарци и Неготино јавуваат за проблем кој го имаат со продажбата на грозјето на Охридските пазари.

Имено до автобуската станица во Охрид, во импровизираниот пазар  на големо само за грозје,  влезот до вчера бил 300 денари од возило и оваа такса важела се додека лозарите не  го продадат грозјето кое го донеле на пазар.

Од денеска  ЈП “Охридски Комуналец”  им наплаќа таканаречена зимска тарифа со која дневно треба да плаќаат такса од 300 денари за секое возило ( комбе, камион, автомобил)

-Ова е нереална цена и не можеме да ја покриеме со продажбата на грозјето. Дополнително видете за што ни наплаќаат, за обична ливада. Овде условите се мизерни, ништо нема уредено, ни тезги, ни тоалети, нема вода…- се пожали производителот Трајче Стојков од Кавадарци.

 

pazar1

Лозарите апелираат да се врати стариот начин на наплата за да можат барем нешто да извадат од грозјето кое го продаваат. Ова производство е скапо и со ваквите давачки нема да заработат ништо

-Бараме да се врати стариот начин на наплата, а не вакви високи такси бидејќи не се исплати. Приемер ако со едно возило само со 1000 килограми грозје  останеме 3 дена на пазар треба да дадеме по 1000 денари за такса и ништо нема да остане за нас, производителите – вели Стојков.

Лозарите веќе реагирале до ЈП “Охридски Комуналец” и се надеваат дека од таму ќе им излезат во пресрет и ќе ја вратат старата цена на влезната такса.

 

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести