Незадоволни лозари ја блокираа винарската визба „Повардарие” во Неготино, во која неколку цистерни се натоварени со флаширано и наливно вино, и велат дека нема да дозволат да излезат за извоз сѐ додека не им бидат платени парите за предаденото грозје. Нагласуваат дека нема да се тргнат од пред винаријата, сѐ додека не бидат исполнети нивните барања, јавува САКАМДАКАЖАМ


