Луѓето не можат да поверуваат што правеа светските лидери додека минуваше ковчегот со телото на папата Франциск: Шокантни слики ја обиколуваат планетата

Меѓу оние кои кришум го снимија ковчегот на папата беа швајцарската претседателка Карин Келер Сатер и заменик-претседателот на парламентот на Уганда Томас Тајебва.

Откако претходнооваа недела ожалостените беа критикувани за правење селфи со телото на папата Франциск, донекаде беше очекувано светските лидери да ги остават своите мобилни телефони во џебот на погребот. Сепак, не беше така. Многумина посегнаа по своите телефони и фотографираа и видеа од дрвениот ковчег на покојниот Папа додека го носеа назад кон базиликата Свети Петар.

Додека многумина во првиот ред – вклучително и американскиот претседател Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон и финскиот претседател Александар Стуб – аплаудираа, оние што седеа подалеку од олтарот можеа да се видат како креваат уреди во воздухот. Тоа беше клучен момент на церемонијата, кога најважните светски лидери внимаваа да ја покажат својата почит, а во исто време некои државници ги извадија мобилните телефони и почнаа да снимаат.

На мисата присуствуваа околу 200.000 луѓе

Погребот на папата Франциск, кој почина во понеделникот на 88-годишна возраст, се одржа во саботата на плоштадот Свети Петар. Папата беше погребан во римската базилика Света Марија Велика. На мисата присуствуваа околу 200.000 луѓе. Низ Рим има неколку стотици илјади верници кои дојдоа да го испратат папата.

Франциск беше погребан далеку од очите на јавноста во едноставен гроб во подот на базиликата, меѓу двете капели. На надгробната плоча од лигурскиот мермер е издлабено само името Франциск, објави српски Курир.

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести