Актуелниот тренер на Селта Луис Енрике е еден од најсериозните кандидати за тренерското место на Барселона, пренесе денеска „Sport.es“.
Енрике и во минатото (2008-2011 година) работел во каталонскиот клуб, но тогаш во младинскиот тим.
43-годишниот шпански стручњак како прв тренер пред Селта работел и во калчолигашот Рома во периодот 2011-2012.
Претходно шпанските медиуми објавија информации дека сегашниот тренер на Барселона, Херардо Мартино ќе ја напушти функцијата по крајот на сезоната.
]]>


