Познатиот луксузен бренд Луј Витон ја претстави најновата верзија на безжични слушалки „Horizon“, со уникатен и висококвалитетен дизајн на звук.
Првата верзија на слушалките брендот ја лансираше во 2019 година, а потоа ја повтори во 2020 година. Ова е третата итерација на луксузните слушалки направени во соработка со компанијата за аудио додатоци „Master & Dynamic“.
Слушалките доаѓаат во прекрасна футрола со функција на полнење инспирирана од заоблената, елегантна форма на иконската футрола за часовници Луј Витон Тамбур. Изработени се од лесен алуминиум, со слој од полиран сафир одозгора, украсени со препознатливиот монограм на брендот.
Слушалките имаат и „лед“ диоди што ги прави блескави, а освен нивниот естетски шарм, светлата имаат функција и да го покажуваат нивото на батеријата.
Слушалките доаѓаат во пет различни бои од кои потрошувачите можат да си ја изберат омилената. Достапни се во црвена, златна, сина/виолетова, црна и розова.


