Изјава на Христијан Мицкоски од јуни 2018:
„Со Преспанскиот договор Македонија се обезличува, се менува нејзиниот идентитет. Зоран Заев ги продаде нашиот идентитет и нашиот јазик.“
Изјава и од Александар Николоски:
„Во иднина македонскиот јазик ќе може да се употребува само дома.“
И што всушност се случи со македонскиот јазик по Преспанскиот договор?
• Се отвори Центар за македонски јазик во Лерин, ГРЦИЈА, а одлуката за основање ја потврди и грчкиот суд.
• Сите држави-членки на ЕУ, вклучително и БУГАРИЈА, го потпишаа Договорот со Фронтекс на македонски јазик (без фусноти).
• На универзитетот во Анкара, ТУРЦИЈА почнаа со работа нова македонистичка катедра и нов лекторат по македонски јазик.
И конечно вест од вчера:
• На Универзитетот во Корча, АЛБАНИЈА, од идната академска година ќе се изучува македонскиот јазик.
Има уште многу слични примери низ Европа и светот, но ќе се задржам само на овие неколку ‘тазе’ примери од соседството.
-Фејсбук статус на Ацо Лукароски


