За помалку од една година, до април 2021 година е предвидено да биде завршена и втората фаза од Крупиште до Кочани, во должина од околу 14 километри. Добиваме модерен, безбеден, европски пат со четири ленти, кој ќе овозможи побрз транспорт на стоки и услуги, кој целиот овој регион ќе го направи поконкурентен и економски унапреден и развиен.
Нека се тргува, нека се разменуваат добра и услуги, нека се комуницира. Истокот од најзапоставениот регион го направивме пример за сите!Создаваме услови за нови инвестиции, во близина сме на неколку индустриски зони, што е многу важен услов за стопанството и економијата. Можеме уште повеќе и уште подобро. Минатото го оставаме каде што му е местото и одиме и чекориме напред. Гледаме во иднината. Имаме одлична програма која гарантира повисоки плати. Зголемување на минималната и просечната плата за 40 и 30 проценти. Нови работни места, појак здравствен систем и состојба која ќе овозможи повеќе време за во мир да уживаме со семејство и најблиските. Па во таа насока и недела како неработен ден за секого.Членството во НАТО и преговорите со ЕУ ни отвораат врати кои отсекогаш за Македонците и за сите граѓани биле затворени. Да продолжиме таму каде што застанавмеОдиме напред. Сите ние. Можеме!
–Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста
]]>


