Љупчо Николовски: Вечерва на седница на Извршниот одбор, беа дефинирани уште пет кандидати за градоначалници

По спроведените испитувања на јавното мислење, по истражувањата и анализите во рамки на органите на партијата и секако по консултација со членовите, вечерва на седница на Извршниот одбор, беа дефинирани уште пет кандидати за градоначалници од редовите на #СДСМ

1. Тони Делков – Неготино;

2. Борче Георгиевски – Гази Баба;

3. Јасмина Гулевска – Могила;

4. Звонко Пекевски – Берово;

5. Даниел Крстевски – Ранковце;

Заедно со граѓаните ја создаваме најдобрата кадровска понуда за секоја општина. На нешто помалку од три месеци пред изборите имаме потврдени кандидати во 35 општини, односно веќе имаме потврдени кандидати за повеќе од една третина од сите општини во државата.

Машината на СДСМ е во погон, неуморно работи во сиот овој изминат период. СДСМ го носи најдоброто за секој општина, најдоброто за нашата држава и тоа е препознаено и од граѓаните. Затоа расте довербата на граѓаните, затоа СДСМ има убедливо водство на сите релевантни анкети.

Фејсбук статус на Љупчо Николовски – Генерален секретар на СДСМ

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести