Меѓу 40 најголеми фирми лани во Македонија има две кладилници кои лани заедно направиле приход од 118,1 милиони евра, а оствариле профит од 3,9 милиони евра. „Спорт Лајф“ и „Златна копачка Еден“ заедно вработуваат вкупно 937 лица, а само лани имаат 283 нови вработувања!!! Замислете „Спорт лајф“ лани имал поголем промет од „Југохром“ и од прочуената странска инвестиција „Ван Хол“. Ова го покажуваат податоците на Централниот регистар обработени во едицијата „200 најголеми“ на економскиот неделник „Капитал“, пишува порталот Фактор.
Најголемиот ланец обложувалници во земјава „Спорт Лајф Трејд“ е на 22 место на листата на 200 најголеми македонски компании. Таа фирма лани направила приходи во износ од 69,7 милиони евра, а вработува вкупно 694 лица!!!
Целиот текст прочитајте го на Фактор на следниот линк.


