Зоран Петровски е победник на шестата сезона на шоуто „Преживеан: Скриениот идол“ на bTV.
Македонскиот режисер, кој глумеше и во ТВ серијата „Прикриени“, каде ја запозна жената на својот живот – актерката Силвија Петкова, прво ги прегрна неа и нивниот син, кога водителот Владо Карамазов го најави триумфот. Сива го гушкаше својот татко и среќно скокаше околу него. Зоран ја доби и главната награда од 150.000 лева, пренесоа бугарските медиуми.
„Чувството на победа е одлично. Ви благодарам! На Филипините се споив со местото, со природата и играта. Бев вистински од почеток до крај“, изјави Зоран по прогасувањето за победник на бугарскиот „Survivor“.