Не како решение на Мицко. Ху из т факинг Мицко. Туку како закономерност на идејата која ги обликува луѓето како ретардирани будали. Не ја обликуваат тие идејата туку идејата ги обликува нив: фолклорно, аморфно, кафеанско, разбирање на Македонија кое нема врска со реалноста ниту тука ниту во светот. Имам еден куп критички забелешки на разговорите во Клубот, но мислам дека во преден план треба да се истакне тоа што го истакна Заев: демонстрацијата на државотворно поведение, свест и одговорност на власта за ситуацијата во која се наоѓа земјата и за начините преку кои може да ги отвори перспективите. Тоа се вика водење на реална и одговорна политика. Со спремност да се прифатат сите ризици и да се направат сите можни компромиси. И, истовремено, начин да се изведе опозицијата на чист терен на кој или ќе го прифати поразот на својата ретроградна и ступидна политика во однос на Договорот со Грција или ќе се разголи како антиевропска сила спремна да ја жртвува по втор пат Македонија поради своите криминални наследства. Таа се реши за втората опција. Односно остана доследна на своите принципи. Остануваат две работи, тесно поврзани: позитивна, добро осмислена кампања за успех на референдумот, јас сум оптимист и верувам дека на крајот луѓето ќе разберат што е што и, второ, темелно разработена политичка и медиумска и културна акција за разобличување и пораз на злото наречено вмро-домне! Бранко Тричковски]]>


