Македонија скокна едно место на ФИФА листата

Македонската фудбалска репрезентација се најде на 82.место на најновата ранг листа на ФИФА објавена денеска, што претставува напредок за една позиција во однос на февруарското рангирање.

Прогресот на „црвено-жолтите“ се должи на победата против Летонија на пријателскиот натпревар во Скопје на 5 март.

Од репрезентациите што се наоѓаат во квалификациската група за ЕП со Македонија најдобропласирана е Шпанија која воедно е и лидер на оваа листа. Украина се наоѓа на 18.позиција, Словачка е на 50.место, Белорусија е (83.та) веднаш зад Македонија, а Луксембург е најслабо пласиран – се наоѓа на 120.место.

Во ТОП 10 покрај водечката Шпанија редоследно се наоѓаат: Германија, Аргентина, Португалија, Колумбија, Уругвај, Швајцарија, Италија, Бразил и Белгија.

Следното рангирање ФИФА ќе го направи на 10 април. 

]]>

Најчитани вести