Македонија со победа го стартуваше Светскиот шампионат!

На светското првенство во ракомет кое се одржува во Доха – Катар, македонската ракометна репрезентација го совлада тимот на Тунис, со резултат 33:25.

Тимот од Македонија веќе утре ќе се сретне со тимот од Иран, во рамки на натпреварите од групата Б.

Најуспешен на мечот со Тунис беше Кире Лазаров со постигнати десет голови. Клучно во натпреварот беше серијата од осум постигнати голови во корист на Македонија.

 

Најчитани вести