Македонската фудбалска репрезентација напредуваше едно место на најновата рејтинг листа објавена денес од Светската фудбалска асоцијација (ФИФА). Со 402 бода Македонија е на 83.место.
На февруарското рангирање нема промени кај водечката тројка. Прва е Шпанија пред Германија и Аргентина.
Португалија изби на 4.место на сметка на Колумбија која падна на 5.позиција.
Во ТОП 10 на ФИФА листата уште се наоѓаат: Швајцарија, Уругвај, Италија, Бразил и Холандија. Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 13 март.
]]>


