Тројца македонски кик боксери предводени од претседателот на федерацијата Александра Неделковска и тренерот на репрезентацијата Драган Атанасовски викендов учествуваа на престижниот професионален турнир „Сплендид Гран При“ во организација на Кик бокс сојузот на Црна Гора.
Кристина Стојчевска во категоријата -55кг лоу кик ја победи Анастазија Петровиќ со 3:0.
Ненад Манојловски во дисциплината -67кг лоу кик кој загуби од црногорскиот натпреварувач Ремзија Дачиќ. Во текот на втората рунда во еден дел концентрацијата на Манојловски опадна и тој доби ножен удар во пределот на слабината по кој остана без здив и не беше во можност да продолжи.
Далибор Огнанов настапи во категоријата -75кг лоу кик со убедливи 3:0 го победи Марко Николиќ.
Главна борба беше мечот за светска титула на Иван Стругар со Русинот Иван Кирилов во лоу кик дисциплината од кик бокс спортот. Стругар е петкратен светски професионален шампион во пет различни категории кој и овој пат ја однесе победата на поени и докажа дека во моментов е најдобар во оваа категорија.
Во текот на самиот спектакл на претседателката на Кик Боксинг федерацијата на Македонија и беше доделен постхумно златен кик боксер во чест на првиот претседател Љупчо Неделковски и соработката која и двете федерации ја имаа изминатите години.
]]>


