Македонската фудбалска репрезентација најверојатно ќе игра во третата група во новоформираната Лига на нациите која ќе стартува во 2018 година.
На денешниот Конгрес на УЕФА во Астана, Казахстан, идејата на претседателот Мишел Платини за воведување ново натпреварување меѓу репрезентациите доби поддршка од делегатите.
Според концептот на УЕФА секоја втора, непарна година во термините за пријателски натпревари ќе се играат натпреварите од Лигата на нациите, натпреварување преку кое ќе може да се обезбеди пласман на Свестко или Европско првенство.
Групите ќе се формираат според моменталната позиција што репрезентациите од европскиот континент ја имаат на ФИФА рејтинг листата. Според сегашниот пласман Македонија ќе игра во третата по квалитет група.
Информациите кои доаѓаат од Астана велат дека вкупно ќе има четири групи и на крајот од секој циклус ќе има испаѓања, како и пласман на големите натпреварување, а прво такво по почетокот на Лигата на нациите би било ЕП 2020 година.
]]>


