Истражувањето на Центарот за економски анализи покажува дека за период од седум години Македонија дала помош на седум компании од вкупно 56 милиони евра. Државната помош преку директни субвенции и даночни ослободувања, кај некои од странските инвеститори достигнуваладуриполовина од висината на средствата кои тиеги вложиле во Македонија.
И кога сите тие трошоци ќе се стават во контекст на ново отворените работни места излегува дека секое отворено работно места Македонија ја чини 21 илјада евра.
Според аналитичарите кои работеле на ова истражување, македонската економија не чувствува големи бенефити од странските инвестиции, но тие би можеле да се интензивираат во наредните години.
Засега, она што е мерливо, е дека учество на странските инвестиции во вкупниот извоз изнесува 27%. Додадената вредност во БДП на седумте компании од зоните кои добиле државна помош од 56 милиони евра е неполн еден процент.
Вкупната заработка на државата од странските компании од зоните изнесува 127 милиони евраи тие се должат најмногу на влезот на Џонсон Мети. Бидејќи околу 80% од извозот на странските пазари го реализира токму овој инвеститор.
Интересен е и податокот дека кога не би постоеле сегашните субвенции кои државата им ги дава на странските инвеститори во зоните само 3 од 7 компании би работеле со добивка.Нивото на плати е повисоко од државниот просек кај само две од странските инвестотори во зоните
Извор: Капитал


