Ноќта над Кочани е потемна од било кога. Тишината е потешка од зборовите. Пред Домот на културата, покрај реката, илјадници свеќи горат како нем сведок на болката што ја обзеде цела Македонија.
Граѓаните на Кочани, скршени од болка, тивко чекорат, палат свеќи и со солзи во очите испраќаат последен поздрав до оние што прерано нè напуштија. Цела држава е во жалост – оваа загуба е непоимлива, неправедна, неиздржлива.

Македонија не памети ваква трагедија. Вечерва нема зборови што можат да ја опишат болката. Само светлината на свеќите и тишината на скршените срца сведочат за тага што нема утеха.
Почивајте во мир. Вечна светлина за младите души.
извор: trn.mk


