Македонија сега се движи во граница на подносливо задолжување и добро е да не се задолжува и понатаму. Потребно е да го држиме ова ниво на долг за да може редовно да го сервисираме, вели Митко Алексов од Сојузот на стопански комори. Критикувајќи јаполитиката на преголемо трошење на Грција, Алексов вели дека искуството кое треба да го имаме предвид е дека не треба да трошиме повеќе од тоа што имаме. Сепак, иако кон странство должиме 6 милијарди евра, според него, нема шанси да ни се повтори грчкото сценарио, наведувајќи дека не случајно и досега бевме во категорија на земји со стабилна економија која може да ги сервисира своите долгови, пишува Радио Слободна Европа.
„Дека должиме 6 милијарди евра тоа треба да се расчлени колку е јавен долг кон странските банки кои се тука, кон компаниите кои имаат земено кредити, а колку е долг на државата и владата. Според официјалните податоци, тоа е на подносливо ниво во моментов меѓу 34 и 35 проценти од БДП“, вели тој.
Меѓутоа, економистите често ја критикуваат политиката на трошења на владата, незадоволни од тоа што сите пари со коишто се задолжуваме отишле на непродуктивни трошоци. Исто така некои економисти сметаат дека грешка е продолжувањето на мегаломанските проекти веќе со години и тоа што владата замижува пред тоа дека честото задолжување го доведува во прашање враќањето на долгот.
Повеќе на Радио Слободна Европа на следниот линк.


