Македонските млади фудбалери подобри од Италија

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години ја совлада соодветната селекција на Италија со 2:1.

Во пријателски натпревар одигран доцна попладнево во италијанскиот град Сан Џулиано Терме , избраниците на селекторот Боби Стојковски со пресврт стигнаа до победата.

Домашната селекција на Италија поведе во 58-минута со автоголот на нашиот репрезентативец Хани по ударот на Матарезе.Сепак, само една минута подоцна (58) Македонија израмни на 1:1 со голот на Дарко Додев.Стрелец на победничкиот гол за нашата млада селекција беше Белмин Чуљевиќ во 68 минута.

Утре од 15 часот, Италија и Македонија ќе одиграат уште една контролна средба.

]]>

Најчитани вести