Македонските шаховски репрезентации се подготвуваат за Олимпијадата во Будимпешта

Од 11 до 22 септември во главниот град на Унгарија, Будимпешта, ќе се одржи 45. Шаховска Олимпијада на која се пријавени 194 репрезентации во машка и 181 селекција во женска конкуренција.

Македонскиот шах ќе биде претставен во двете конкуренции, а машкиот и женскиот репрезентативен табор се подготвува за претстојната Олимпијада во традивционалниот камп во Хотелот Скардус на Шар Планина.

Машката репрезентација е предводена од селекторот Атанас Кизов во состав: Евгени Романов, Никола Николовски, Тони Лазов, Емил Ристески и Антон Златков.

Женската репрезентација е предводена од селекторот Љубиша Андоновски и е во состав: Моника Стојковска, Сања Трајковска, Ивана Манова, Леа Ефтовска и Моника Жежовска.

Покрај селекторите подготовките ги водат и ВМ Евгени Романов и ВМ Петар Арнаудов. 

МИА