Македонските тенисери со најдобар ранг во кариерата

Тројцата најдобри македонски тенисери на денешната најнова ранг листа го имаат најдобриот ранг во кариерата.

Димитар Грабул со новите поени има вкупно 66 и се наоѓа на 512.место (скок 5 позиции). Томислав Јотовски има најголем напреок со скок од 23 места – 794.место со 23 поени, додека Шендрит Деари има 7 поени и е на 1.131 место (напредок 11 места).

Пласман со пад имаат Бесир Дургути – 1.688 место (2 поена) и Стефан Мицов – 2.011 место (1 поен).

Во женска конкуренција Лина Ѓорческа е на 520.место на ВТА листата (две позиции послабо од најдобриот ранг). И Ѓорческа има скок од седум места и 64 поени.

]]>

Најчитани вести