Макс Верстапен продолжи да доминира во Силверстоун

Холанѓанецот и член на Ред Бул, Макс Верстапен победи на Големата награда на Британија, на десетата трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.

Верстапен ја оствари шестата победа во низа на Силверстоун, а осма оваа сезона. Тој ја продолжи својата победничка серија на Ред Бул.

Зад Верстапен завршија Ландо Норис од Мекларен и Луис Хамилтон од Мерцедес.

Меѓу првите пет се најдоа и Оскар Пјастри и Џорџ Расел.

Серхио Перез заврши на шестата позиција, а местото зад него го освои легендарниот Фернандо Алонсо.

Осмата позиција ја освои Александар Албон, а меѓу десетте најбрзи се најдоа Шарл Леклер и Карлос Саинц.

По трката имаше интересна сцена. Тројцата најбрзи возачи на Силверстон, Верстапен, Норис и Хамилтон, заборавија на трофејот и малку порано започнаа со славењето.

Најчитани вести