Мактел: По Ивона, на ред дојде Алек Русјаков да се омрси за фалењето на владата, си доби 200.000 евра од Грујо да си снима филмче!

Кој вели дека да си владин полтрон не се исплати? Дојде редот и Алек Русјаков да се омрси. По Ивонa Тавевска доби тендери во износ од милион евра, по изгласувањето на субвенции за шарпланинци со кои ќе се опари Миленко кој чува над 50 шарпланинци, сега Алек се докопа до мрсна коска, море бут и тоа воловски, си доби 200.000 евра од министерството за култура за да си нима филмче за блуз, пишува порталот „Мактел“.

По долго време на фалење на владата во колумните во Нова Македонија, претходно сакатејќи ја долго опозицијата во анимираната Еднооки, потоа со гостувањата во емисии кај Бурекот и Миленко, и на крај онаа иницијатива за Букурешкиот договор и слични други патриотски тератралности, конечно Алек си дојде до заслуженото, богами човекот се раскости бранејќи ги и релативизирајќи ги сите перверзии на режимот, додава „Мактел“.

Инаку ова не е прв пат Алек да се „огребе“ од владата, иако досега тоа одеше преку други луѓе. Претходно продукцијата на Борис Дамовски, Контрабанда, која ја правеше серијата Еднооки доби од владата 100.000 евра за снимање 10 епизоди од серијалот 20 години независност. Тогаш една епизода излезе дека чини фантастични 10.000 евра.

Патриотизмот во време на патриотски режими секогаш е исплатлив, милиони се во прашање. Во случајов Алек доби шанса да распределува цели 200.000 евра, сума која некои од нас никогаш нема да имаме шанса да ја видиме. Секако голем дел од оваа сума ќе отиде за сценариото и режијата кои се дело на Алек.

-Па да се јавиш да частиш пиво, „лепо је кад човек успе у животу, ал то треба споделити са пријатељима“, порачуваат шеговито од „Мактел“.

]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести